• четврток, 26 декември 2024

Промовирана стихозбирката „Рането срце“ на Николина Савеска од Тетово

Промовирана стихозбирката „Рането срце“ на Николина Савеска од Тетово

Тетово, 4 јули 2022 (МИА) -  Во Тетово вчера беше промовирана стихозбирката „Рането срце“, прво дело на младата поетеса Николина Савеска. Книгата содржи 25 поетски дела, посветени на љубовта, спомените, суровата вистина, душата - се поврзано со губењето на драга личност.

-Љубовта е најсилниот енергенс кој ја заробува душата, постојан срцев следбеник. Николина Савеска во својата стихозбирка „Рането срце“ наоѓа емотивна лирска целина да расчлени една празнина, еден недостаток настанат од губење на сакана личност. Поетесата на мошне интересен начин со употреба на неколку изразни средства ја пополнува празнината, зачувување на спомените за нешто било се во еден момент од животот, се вели во рецензијата на Илија Мерковски.

Книгата со поезија „Рането срце“ од поетесата Николина Савеска носи втора награда на Дата Песнопој-Битола, „Душата на чаршијата“. Николина е родена во 2002 година, има завршено средно медицинско училиште во Тетово. Со пишување поезија започнува на 13 години. За своите творби била наградувана, а дел од нејзината поезија е застапена во антологии во Македонија и низ светот.ас/бт/

Остани поврзан