• сабота, 23 ноември 2024

Промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“

Промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Во просториите на УНДП во Скопје денеска беше промовирана поштенската марка „60 години од скопскиот земјотрес“. Поштенската марка ја промовираа постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази. Марката е дело на Лоран Буфало од Пошта на Северна Македонија и е со мотив на старата железничка станица. Номиналната вредност 36 денари, а е испачатена во тираж од 6.000 примероци.

-Денес сме тука по повод комеморација на жртвите и 60-годишнината од земјотресот во Скопје. Тука сме сите заедно исто така да ги спомнеме жртвите, но и истрајноста на Македонија и Скопје по земјотресот. Шеесет години потоа УНДП се горди затоа што се уште ги координираат како што се домашните и меѓународните чинители во комеморација, но исто така и во координација и чествување, рече претставникот на УНДП Григоријан.  

Потсети дека од почетокот на годината УНДП работи на различни настани и ги разгледува различните аспекти од земјотресот што разурна Скопје пред 60 години.  

-Имавме конференција во мај која се одржа на високо ниво – меѓународна конференција каде што го разгледувавме Скопје и визијата за Скопје после 100 години. Исто така, од овој поглед УНДП работи на неколку точки. Една од нив е развојот на Националната развојна стратегија. И секако после 100 години од земјотресот ќе има нови генерации кои ќе живеат и ќе го водат овој град.  

Григоријан додаде дека УНДП ја предводи и Националната младинска стратегија во Северна Македонија. 

Директорката на АД Пошта Абази, на промоцијата рече дека Скопје е град на солидарноста што е изграден со подадената рака на светот кој во таа 63-та година се соедини за да му помогне на нашето Скопје.  

-Во својата долга историја градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. И секогаш повторно се издигнувал, растел, се развивал со своите жители. Обединетите нации веднаш по катастрофата презеде активности за плански долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога сите стручњаци од ООН почнале да пристигнуваат во Скопје во седиштето на Меѓународната организација било речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност, рече Абази.  

Затоа, додаде таа, денес се сеќаваме на оваа катастрофа, се сеќаваме и на подадената рака на светот.

-Пошта на Северна Македонија низ годините има издадено голем број на поштенски марки со мотив на градот Скопје, така и денес кога се сеќаваме на оваа наша страшна катастрофа – 60 години од скопскиот земјотрес. Поштенската марка „Скопје се сеќава 1963-2023“ посветена на годишнината од скопскиот земјотрес е дело на Лоран Буфало од Пошта на Северна Македонија и со мотив на старата железничка станица. Номиналната вредност 36 денари, а е испачатена во тираж од 6.000 примероци, истакна Абази. нд/дма/

Остани поврзан