• среда, 13 ноември 2024

Промовирана мапа со над сто објекти од недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период

Промовирана мапа со над сто објекти од недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период

Битола, 28 јули 2023 (МИА) - Македонската јавност денеска прв пат се информира за недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период кое располага со над 100 мекогашни и сегашни објекти во градот.

Проектот го презентираше тим предводен од Виктор Трајановски, доцент на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ на УКИМ-Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Проектот е креиран преку Центар за етнолошки истражувања и примената антрополгија-ЦЕИПА од Скопје. Изработивме две посебни мапи, една за профаните објекти, а друга за сакралните објекти во градот Битола, за сите објекти што егзистирале или биле создадени за време на Османлиското владеење. Истражени се различни објекти, муслимански, еврејските синагоги, цркви и објекти на граѓани со цел да ја утврдиме точната постоечка или непостоечка локација на објектот и да ги фотографираме и опишеме, изјави за МИА Трајановски.

Мапирани се околу 120 објекти, од нив 70 профани и 50 сакрални. Од мапираните останати се повеќе од половина, а тоа се црквите, џамиите, теќиња, турбиња...додека од профаните објекти тука е офицерски дом, џепането на Тумбе кафе, одредени амами, битолската магаза, библиотеката Интифа, Беледије (општина), митрополитска резиденција, касарните и други.

-Идејата беше да направиме промоција и презентација на недвижното културно наследство во градот Битола, потоа да направиме заштита на културното наследство за тоа како објектите изгледале во минатото, и трета цел ни беше да едукативниот дел односно поширокоата јавноста да се едуцира за некогашните објекти во Битола, посочи Трајановски.

Проектот на ЦЕИПА го реализира тим млади соработници, студенти битолчани и затоа доцент Трајановски нагласи дека ова е проект од битолчани за битолчани. мт/сст/

Фото: ЦЕИПА

Остани поврзан