• четврток, 26 декември 2024

Промовирана книгата „Сага на албанските букви“ од проф. д-р Агим Винца во рамките на Деновите на албанската азбука

Промовирана книгата „Сага на албанските букви“ од проф. д-р Агим Винца во рамките на Деновите на албанската азбука
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) – Во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и вo соработка со Агенцијата за примена на јазиците денеска беше промовирана книгата „Сага на албанските букви“ од проф. д-р Агим Винца во рамките на настаните по повод Денот на албанската азбука - 22 Ноември. Авторот на книгата професорот Агим Винца истакна дека вистина е дека живееме во време на виртуелна комуникација, но посочи дека тоа не ни дава за право да ја редуцираме азбуката на албанскиот јазик. Тој смета дека албанската култура треба да го афирмира и реафирмира духот на Битолскиот Конгрес и идеите на оние што дејствувале за тоа. - Во оваа книга нема некакви спектакуларни откритија или пронајдоци. Јас немам такви цели. Се обидов да направам синтеза на научната мисла за овој голем историски настан. Ова е теоретската основа на оваа дело, рече Винца. Рецензентот на книга, проф.д-р. Рами Мемушај рече дека ако не се пишува еден јазик, тој народ исчезнува. Тој нагласи дека во оваа книга на панорамски начин е прикажана историјата низ која поминала албанската азбука, напорите што се направени за унифицирана азбука. Додека, пак, другиот рецензент проф.др. Авзи Мустафа истакна дека оваа книга носи иновации и посочи оти таа е книга која се чита во еден здив бидејќи, како што рече, е напишана на лесен и разбирлив и многу интересен начин. Посочи дека професорот Агим Винца е брод што може да плови во сите исти правци, како во јазикот, така и во литературата, и во теоријата на литературата. Јетон Шаќири, министерот за образование и наука рече дека авторот истакнува работи што никогаш не сме имале можност да ги прочитаме и научиме во училиштата, затоа што, како што потенцира, во книгата се вметнати недоречените работи од Битолскиот Конгрес кои претходно не биле пишани во книгите по историја и литература. - Професорот Агим Винца, со пикантностите напишани во книгата, не само што ни дава пристап до околностите на времето, туку служи и како извор за сите нас активисти на времето, почнувајќи од сите професори, интелектуалци, креатори на политики за историските моменти што ги живееме денес и тие што ќе испишуваат историја во иднина, мора да се трудиме да ги гледаме што повеќе во истата призма. Ние како народ треба да ја тргнеме настрана нашата огорченост кога треба да решаваме за работи кои се во наше општо добро, рече Шаќири. Признанија им беа доделени на неколку професори албанолози по повод 50-годишнината од Конгресот на правописот. фф/нд/

Остани поврзан