• недела, 28 јули 2024

Промовирана книгата „Во светот на научната фантастика“ од Љубомир Михајловски

Промовирана книгата „Во светот на научната фантастика“ од Љубомир Михајловски

Велес,16 февруари 2023(МИА) - Во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, како организатор, денеска беше промовирана книгата на велешкиот и македонски автор Љубомир Михајловски од областа на научната фантастика насловена „Во светот на научната фантастика“.

Ова е прво дело од теоријата и историјата на научната фантастика во земјава.

Промоторот Миле Костов за книгата информираше дека содржи значајни податоци за истријата на научната фантастика во светот и во рамкие на нашата држава. Смета дека оваа област е опширна и недоволно истражена. За авторот говореше со почит за сите свои достигнување и голем број награди и признанија во светот, повеќе од 30 години на творештво во оваа област.

Тој потенцира дека фантазијата ја има во секој од нас, ние сме самите креатори на она што го замислуваме и кон што се стремиме да го реализираме.

 - Не можам да го искажам моето воодушевување од книгава, во која Љубомир Михајловски прецизно, концизно, и на интересен начин ја презентирал научната фантастика како дел од животот. Дава преглед на историјатот, развојот и медиумите на изразување на ова творештво од најраниот период, па до денес, опфаќајќи го светското и македонското творештво,информира промоторот  Костов.

 Авторот Љубомир Михајловски истакна дека полето на научната фантастика треба повеќе да допре кај сите млади.Во книгата е детално обработена темата за фантастиката во сите области-музика, филм, литература,стрип.

- Научната фантастика не е бегство од реалноста. Напротив, мораме да ја согледаме реалноста онаква кава што е, без оглед на тоа колку е можеби непријатна, за да ја смениме. Научната фантастика ни дава насока кон она што треба да се стремиме, кон една идеална сцена, или не предупредува што да избегнуваме, појасни  авторот на книгата Михајловски.

 На промоцијата беа присутни и претставници од Центарот за млади – Велес,кои заедно со останатите присутни на промоцијата дискутираа по темата научна фантастика. ад/цр

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан