• недела, 28 јули 2024

Промовирана антологијата „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“

Промовирана антологијата „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“

Охрид, 20 август 2023 (МИА) - Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид денеска беше промовирана книгата „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“ од приредувачите Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски.

Промоцијата е во рамки на годинешното 35. издание на Поетска ноќ во Велестово во соработка со  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

На промоцијата свои обраќања имаа авторите, модераторот Јулијана Величковска, а извадоци од делото читаа младите поети Ивана Јовановска, Исток Ј. Улчар, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Емануела Ковачевска Китановска и Јована Стаматовска.

По промоцијата следуваше и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“ со авторите Феликс Шилер (Германија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Албан Туфа (Албанија) како и нашите поети Павлина Атанасова, Виолета Танчева-Златева, Сузана Мицева и Весна Ацевска.

Програмата на „Поетската ноќ во Велестово“ продолжува со настанот „OH READ #2“, во чии рамки ќе се одржи работилница за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади од регионот, како и интернационално поетско читање.

Проектот „OH READ #2“ e поддржан од РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија. аб/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан