• среда, 25 декември 2024

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и до крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и до крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 13 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 27 степени. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Остани поврзан