• сабота, 27 јули 2024

Променливо облачно со претпладневен дожд

Променливо облачно со претпладневен дожд
Скопје, 5 април 2022 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне ќе биде претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 15 степени. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно, сончево и топло.вј/мд/

Остани поврзан