• среда, 25 декември 2024

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи, локално невреме со појава на град

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи, локално невреме со појава на град
Скопје, 25 август 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 29 степени. Во четврток претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.

Остани поврзан