• среда, 25 декември 2024

Променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 12 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 28 степени. И во недела ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а од вторник ќе има пораст на дневната температура.

Остани поврзан