• сабота, 27 јули 2024

Променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи

Променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината. Утринската температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 24 степени. Во Скопје,  променливо облачно, попладне со повремен пороен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 20 степени. Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот.

Остани поврзан