• сабота, 09 ноември 2024

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје,28 јули 2022 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=7 Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата.

Остани поврзан