• четврток, 19 декември 2024

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд
Скопје, 28 септември 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната температура од 15 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 24 степени. Во вторник ќе преовладува променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда следува стабилизирање на времето.

Остани поврзан