• среда, 18 декември 2024

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 8 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје,  променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени. Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално во следните денови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата нема значително да се менува.

Остани поврзан