• четврток, 12 февруари 2026

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно со постепен пораст на дневната температура. Во одделни котлини се очекува појава на магла, особено во утринските часови, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки подрачја врнежите ќе бидат од снег.

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -5 до 0 Целзиусови степени, а максималните дневни ќе достигнат од 1 до 7 степени. дма/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан