• среда, 25 декември 2024

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Скопје, 15 август 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7 Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната температура од 25 до 33 степени. Во Скопје претпладне променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7 Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 31 степени.

Остани поврзан