• недела, 06 октомври 2024

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Скопје , 1 април 2022 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на ретки грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 19 степени. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а во деновите од викендот на планините со врнежи од снег.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан