• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Промена на распоредот на мечевите на Струга ТЛ поради настап во Конференциската лига

Промена на распоредот на мечевите на Струга ТЛ поради настап во Конференциската лига

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија направи промени во распоредот на Прва лига за второ, трето и четврто коло за натпреварите на Струга Трим Лум.

 

Македонскиот шампион го очекуваат настапи на меѓународна сцена па дербито со Шкендија од 2. коло што требаше да се игра в недела е презакажано за 30 август.

 

Натпреварот од 3. коло во ПМФЛ стружани против АП БРЕРА Струмица ќе го играат на 21 август.

 

Регионалното дерби со Воска, Струга ТЛ ќе го има на 27 септември. зс/

Остани поврзан