• недела, 01 септември 2024

Пролетна дератизација, дезинсекција и дезинфекција во општина Илинден

Пролетна дератизација, дезинсекција и дезинфекција во општина Илинден
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Извршена редовна дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на општината, во рамки на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Илинден. Како што информираат од Општина Илинден со дератизацијата се опфатени околу 630 шахти, што се наоѓаат на јавните површини во општината, а со дезинфекцијата се опфатени 3300 м2 на јавни објекти, општинската зграда и 12 домови на култура. -Како дел од овие активности, во два наврата, во април и мај извршена е ларвицидна дезинфекција за уништување на ларви од комарци, на површина од 50 хектари, при што се опфатени главните, секундарните, терцијалните канали, Сува Река и акумулација Бучинци. Како дел од овие активности претстои и адултицидна дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци која ќе се реализира во четири наврати во летните месеци: јуни, јули, август и септември, стои во соопштението.свс/скс/

Остани поврзан