• четврток, 26 декември 2024

Пролетна акција во Општина Чаир, се уредуваат жардињерите и се санираат оштетувањата во асфалтот

Пролетна акција во Општина Чаир, се уредуваат жардињерите и се санираат оштетувањата во асфалтот
Скопје, 20 април 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во текот на работните активности за имплементација на пролетната акција која се спроведува во соработка со сите претпријатија на Град Скопје, денеска во Општина Чаир спроведе неколку активности. - На булевар „Македонскo Косовска бригада“ извршена е контрола на 15 шахти, рачно се исчистени пет шахти, 55 сливници, перење на канализациона линија со цистерна вакуум 170 метри и 200 метри прочистување со цистерна притисок, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Додека, пак, екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје денеска во рамките на големата пролетна работна акција во Општина Чаир работеле на санирање на жардињерите околу дрвјата на улицата „Цветан Димов“ и санација на ударните дупки со предходно машинско гребење и асфалтирање. Екипите со акцијата денеска покрај улицата „Цветан Димов“, ја санирале и улицата „Џон Кенеди“ во вкупна површина од 15 квадратни метри. - Одговорните лица за одржување на светлосната сигнализација работеа на санација на недостатоците на семафорите и тоа на неколку крстосници на улицата „Џон Кенеди“ со улица „Лазар Трповски“, крстосница улица „Петар Ичко“ со улица „Лазар Трповски“ и крстосница улица „Христијан Тодоровски Карпош“ со улица „Ферид Бајрам“. На сите три крстосници беа оштетени сенилата на семафорите и заменети со нови, соопштија од ЈП „Улици и патишта“. фф/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан