• четврток, 26 декември 2024

Пролетната сеидба на житата во Кочанско реализирана со 97 отсто

Пролетната сеидба на житата во Кочанско реализирана со 97 отсто
Кочани, 5 јуни 2021 (МИА) – Сеидбата на житните култури во Кочанско пролетва е реализирана со 97 отсто во однос на планираното. Намалување во спроведувањето на годишниот ориентационен план има единствено кај главната земјоделска култура во регионот - оризот, додека кај останатите жита тој целосно е исполнет. -Вкупно 3.795 хектари беа планирани да се засеат со ориз, од кои околу десет отсто се сопственост на земјоделските претпријатија, а останатите се во индивидуалниот сектор. Во однос на лани имаме зголемување за една петина, со оглед што дел од површините кои во изминатите години се сееја со други житни култури, годинава се под ориз. Намалување во сеидбата од стотина хектари има кај индивидуалните производители, а причина за тоа главно е ненавремената подготовка на површините, истакна Горан Миладинов, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани. Целосна реализација на сеидбениот план има кај пченката која е застапена на над илјада хектари, како и кај пролетната р'ж, јачменот, овесот и другите култури што се засеани на 450 хектари. Успешно е завршена пролетната сеидба на фуражните и индустриските култури кај кои најзастапен е индустрискиот пипер, како и кај градинарските култури каде од планираните 1.400 хектари, две третини се засеани со грав и компир. та/ац/

Остани поврзан