• четврток, 26 декември 2024

Пролетен турнир „Езерска кралица“ во Струга

Пролетен турнир „Езерска кралица“ во Струга

Струга, 9 мај 2024 (МИА) - Над 80 млади шахисти од земјава и странство ќе учествуваат на пролетниот турнир „Езерска кралица 2024“, што в сабота ќе се одржи во Струга.

Натпреварувачите, како што информира директорот на турнирот Ѓоко Котески, ќе бидат поделени во четири категорни групи, од 8, 10, 12 и 18 години.

- Втора година го организираме пролетниот младински турнир „Езерска Кралица“. Организацијата ја реализираме во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид и приватното училиште „Јахја Кемал“ од Струга. Имаме доста амбициозна програма за оваа година и се надевам со помош на нашите спонзори ќе ја реализираме во целост, изјави Котески.

Ден потоа, додаде, ќе се одржи и првиот рапид турнир од серијата турнири „Езерска Кралица 2024“ насловен како „Езерски градови“.

- Ова е прв рапид турнир што се организира во рамки на пролетниот турнир „Езерска кралица 2024“. Освен млади до 18 години, право на пријавување имаат и лица над 18 години, а замислата е да се направи спој помеѓу младоста и искуството, рече Котески.

Идејата, според него, е турнирот да прерасне во еден од најпрестижните рапид турнири организирани во Македонија и да биде во конкуренција на сличните вакви турнири кои се организираат во поголемите градови во државата.

Краен рок за пријавување за учество на двата турнира е 10 мај, на емаил адресата kgjoko@yahoo.com или на телефон 077 897 218. сс/дма/

Фото: плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан