• четврток, 26 декември 2024

Производи на македонски ракотворци на новогодишен базар до 31 декември

Производи на македонски ракотворци на новогодишен базар до 31 декември

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - На првиот кат во „Скопје Сити мол“ е отворен новогодишен базар на кој до крајот на месецов  ќе се претстават  52 модерни ракотворци поделени во две  групи. Од 21 до 25 декември се претставуваат брендови на ракотворци од првата група, од 26 до 30 декември - производите од втората група и сите заедно ќе бидат изложени на 31 декември.  

-Деликатно направен избор на уметници, кои храбро конципираа и компонираа иновативни креации од кожни аксесоари, чанти, шапки, накит, преку новогодишни сувенири, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, до колачиња во духот на новогодишните и божиќни празници, новогодишни украси и лижавчиња, рачни везови и облеки за миленици. Посетителите ќе можат да ја доживеат предновогодишната магија и да подарат уникатни производи, изработени од креативци од цела Македонија, соопшти организаторот на базарот. хс/лв/

Фото: ПР на Новогодишниот базар

 

 

 

 

Остани поврзан