• петок, 27 декември 2024

Произведувачите на месо во САД користат нови технологии за прочистување на воздухот во фабриките

Произведувачите на месо во САД користат нови технологии за прочистување на воздухот во фабриките
Вашингтон, 18 јули 2020 (МИА) - Некои фабрики за месо и месни производи од САД соопштија дека инсталирале опрема за прочистување на воздухот за заштита на работниците од коронавирус, јавија американските медиуми. Компанијата JBS USA, четврти по големина произведувач на говедско месо во САД, соопшти дека во нивните погони се употребува ултравиолетово зрачење за прочистување на воздухот. Компанијата Tysоn Foods, крупен американски произведувач на говедско, свинско и пилешко месо, соопшти дека спроведува опширни испитувања за протокот на воздух и тестирање на опремата за ултравиолетовото зрачење во некои свои фабрики. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, засега останува непознато дали овие технологии се ефективни во борбата против коронавирусот. Компаниите беа критикувани зошто враќале на работа инфицирани работници и не биле агилни во нивната заштита со носење маски и физичка дистанца. За време на пандемијата во САД, околу 16 илјади работници во месната индустрија се разболеа од Ковид-19, додека 86 вработени починаа. кб/  

Остани поврзан