• недела, 24 ноември 2024

Проект „Регионална мрежа за културна разновидност”, трет отворен повик за апликации 2022/2023

Проект „Регионална мрежа за културна разновидност”, трет отворен повик за апликации 2022/2023
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Отворен е повикот за доделување суб-грантови на граѓански организации од Северна Македонија, Албанија, Кососво, Србија и Турција, во рамки на регионалниот проект „Регионална Мрежа за Културна Разновидност – РЕАД“ поддржан од Европската Унија. Максималниот износ за поддршка на повеќејазични проекти изнесува 2.500 евра по грант. Рокот за пријавување е до  31.10.2022 година. Поддршка на повеќејазични проекти има за цел да ја поддржи регионалната дифузија на литературни дела од и во целните земји. Очекуваниот резултат од предложените проекти е превод, во комбинација со презентација и промоција на регионална литература. Поддршката од овој повик, како што соопштија од Гете-Институт во Скопје, ќе го надополни и значително ќе го зголеми меѓу-регионалниот превод на автори од целните земји. Грантот ги покрива трошоците поврзани со превод, дизајн, печатење и промоција на регионална литература. Поддржаните проекти ќе бидат охрабрени да создадат синергија со нашата мобилна библиотека, како и со фестивалите кои се организираат во рамки на проектот. Апликантите треба да бидат: непрофитни; граѓански организации; директно одговорни за подготовката и менаџментот на проектот заедно со ко-апликантот/ ко- апликантите); да се регистрирани во Албанија, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција најмалку 6 месеци пред датумот на објавување на овој повик; да се активни во една или повеќе од тематските подрачја кои се од важост за овој Повик за предлог проекти. Од Регионалната Мрежа за Културна Разновидност - РЕАД - Goethe-Institut Nordmazedonien, посочуваат дека само една апликација од секој апликант ќе биде земена предвид. Овој отворен повик за предлог проекти се објавува за организации од Албанија, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција кои можат да аплицираат за финансиска поддршка за разновидни културни и уметнички иницијативи со цел да се зголеми пристапот и свеста за литературата и културата во регионот. При третиот повик за аплицирање ќе се поддржат околу 22 граѓански организации од петте партнерски држави. Граѓанските организации се многу важни за успехот на овој проект, бидејќи тие имаат значително влијание врз културата и промените во општеството. Регионална мрежа за културна разновидност (Regional Network for Cultural Diversity – READ) е регионален проект финансиран од ЕУ, со цел да им овозможи на граѓанските активисти да ги зајакнат демократските вредности и да придонесат кон интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите. Проектот се имплементира од страна на Гете-институт Скопје со партнерските организации: Асоцијација Крокодил (Србија), Центар за балканска соработка - Loja (Северна Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центар за мултимедија (Косово). Проектот започна на 1-ви септември, 2020 и ќе трае до 31-ви Август, 2024 година. цр/ац/

Остани поврзан