• сабота, 23 ноември 2024

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем

Париз, 18 јули 2021 (МИА) – Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви потенцијално следени од Пегаз, моќен израелски шпионски софтвер, во корист на  десетина држави. Дигитално оружје што се користи против новинари, адвокати, активисти и политичари во многу земји, вклучувајќи ја и Франција, јави дописникот на МИА.

Во овој именик, се наоѓаат еден европски шеф на држава и двајца шефови на влади; мажи и жени на највисоки нивоа на власт во поранешна Советска Република; десетици опозициски пратеници од една африканска земја; принцови и принцези, деловни лидери, неколку милијардери, амбасадори, генерали. А потоа, исто така и пред сè, стотици новинари, адвокати, активисти за човекови права.

„Ле Монд“, поврзан со конзорциум од уште шеснаесет редакции, имаше пристап до приближно 50.000 телефонски броеви - споделени од организацијата Форбеден стори (Забранети приказни) и Амнести Интернешнл - за потенцијални цели на моќен шпионски софтвер од израелската групација НСО, наречена „Пегаз“, за сметка на десет влади. Излегува дека многу од овие цели во граѓанското општество биле навистина заразени со Пегаз. „Ле Монд“ и конзорциумот координиран од Форбеден стори и Амнести Интернешнл - можеа да ја потврдат автентичноста на податоците вкрстувајќи ги со неколку други извори и идентификувајќи десетици нови жртви на софтверот преку исклучително темелни технички анализи на нивните мобилни телефони, благодарение на експертите за безбедност на Лабораторијата на Амнести Интернешнл.

Овие списоци на „цели“ се од исклучителен интерес: употребата на Пегаѐ од страна на земјите клиенти на НСО, надвор од каква било правна рамка, е строго чувана тајна. Од своето создавање во 2011 година, израелската компанија го продаде својот софтвер како одлучувачка алатка, наменета исклучиво за борба против тероризмот и организираниот криминал - и ја умножи реториката осигурувајќи дека се е сторено за да се гарантира оваа „легитимна“ употреба. Анализата на податоците консултирани од „Ле Монд“ и неговите партнери покажува дека, за голем дел од клиентите на НСО, тероризмот и организираниот криминал претставуваат само мал дел од употребата.

Во Азербејџан, Мароко или Руанда, пред се, новинарите, противниците, адвокатите и бранителите на човековите права се главните цели на овој софистициран шпионски софтвер. НСО со години зборуваше дека случаите на политички надзор се изолирани инциденти. Информациите што „Ле Монд“ и неговите партнери ги објавуваат, од 18 јули, во серија откритија предвидени во текот на целата недела, неспорно докажуваат дека овие злоупотреби се норма и не исклучок.

Значителен дел од клиентите на Групацијата НСО го купуваат Пегаз за да се занимаваат со надзор над нивните политички опозиции и луѓе

Овие повторени повреди на човековите права ги вршат држави за кои продажбата на Пегаз е систематски потврдена од израелското Министерство за одбрана. Израел ја штити  НСО, алатка на неговата „мека моќ“, чијашто обезбедување на владите може да придонесе за обновување на дипломатските односи. Активностите на НСО делумно ги расветлуваат неодамнешните приближувања на еврејската држава со Саудиска Арабија, Унгарија или Мароко.

 Ниту НСО, ниту израелската влада не можат да игнорираат дека значителен дел од нивните клиенти го купуваат Пегаз специјално за да се занимаваат со надзор над нивните политички опозиции и нивната популација, а да не ги спомнуваме индустриската шпионажа на нивните деловни партнери и разузнавачките служби за соседните влади. Меѓународното право само маргинално ја регулира продажбата на овие компјутерски оружја, кои нивните купувачи ги користат секојдневно против цивили, па дури и против население заштитено со Женевската конвенција, како што се лекарите.

-Групацијата НСО силно ги негира лажните обвинувања изнесени во вашата истрага. Овие обвинувања во голема мерка се неиздржани теории, кои фрлаат сериозни сомневања во веродостојноста на вашите извори, како и во јадрото на вашата истрага , одговори израелската компанија, контактирана од„ Проектот Пегаз “.

-Вашите извори ви доставија информации што не се засноваат на никаква фактичка основа, додава компанијата, која тврди дека не знае во реално време за употребата на нејзините клиенти на Пегаз, ниту пак да го контролираат.

-Групацијата НСО ќе продолжи да испитува веродостојни обвинувања за злоупотреба [на својот софтвер] и ќе постапува според резултатите од тие истраги. Ова може да се состои од прекин на пристапот на одредени клиенти до системот во случај на потврдена злоупотреба. Тоа го правеше во минатото и нема да се двоуми да го повтори , соопшти компанијата.

Обемот и тежината на овие повреди на човековите права се должат и на природата на Пегаз, кој не е само алатка за „прислушување телефон“. Како познат како особено ефикасен и моќен, шпионскиот софтвер може да ги „цица“ сите податоци содржани во телефон, од фотографии или адресари до пораки разменети на апликации, колку и да се безбедни, како што се Сигнал или ВхатсАпс.

Невидлив за корисникот на телефонот, овој софтвер може да се инсталира од далечина, без целта дури да треба да кликне на злонамерна врска, и дискретно, потпирајќи се на безбедносните дупки во софтверот на „Епл“ и „Гугл“, кои овие гиганти не секогаш ги корегираат доволно брзо. Софтверот на НСО исто така потхранува профитабилен и нејасен пазар на безбедносни пропусти, поттикнувајќи стотици искусни хакери постојано да бараат нови ранливости што НСО и неколку други играчи ги купуваат по висока цена.

Оваа дискреција и леснотија на користење го направија Пегаз во претпочитана меѓудржавна шпионска алатка. Повеќе од другите земји, Франција ја плати цената; неколку илјади телефонски броеви во „+33“, францускиот код, беа мета на Пегаз, мнозинството во име на земја „сојузник“ на Франција, Мароко, Рабат „категорично ги отфрла обвинувањата„ за известување “за каква било врска помеѓу Мароко и израелската компанија [НСО] “. Дипломати, високи функционери, избрани службеници: Софтверот на НСО му овозможи на Мароко, за ниска цена, да цели, со само неколку кликања, цели делови од францускиот државен апарат. Најциничниот ќе го види вообичаениот тек на односите меѓу земјите. Но, истрагите на Ле Монд и неговите партнери покажуваат дека овој огромен дигитален систем за набљудување оди многу подалеку од рамките на „нормалната“ игра на шпионажа, пишува весникот.

Во Франција, како и во земјите што купија пристап до овој шпионски софтвер, исто така пред се целите се граѓанското општество: спортисти, свештеници и имами, новинари, јутјубери, адвокати. И, исто така, мажи и жени чија единствена грешка е блискост, со врски на пријателство или семејство, со луѓе критички настроени кон владата. Сведоштвата собрани од новинари кои работеа на „Проектот Пегаз“ ги потенцираат драматичните последици од овој надзор, во личните животи на целите, како и на начинот на кој тоа доведува до самоцензура со неистомисленици, дури и најумерените .

„Проектот Пегаз“ не е приказна за скандалот за масовно набљудување, бидејќи откритијата на Едвард Сноуден за операциите на американската НСА беа во 2013 година. Жртвите на Пегаз беа индивидуално мета на владите и разузнавачките служби Но, овие два скандали имаат едно заедничко: тие покажуваат дека шпионите кои користат најсофистицирани алатки за да ги следат и контролираат најмалите детали од животот на нивните цели, никогаш не сносат одговоронсот за направеното, завршува парискиот весник, кој започна со објавувањето на својата истрага.тг/

Остани поврзан