• недела, 22 декември 2024

Проект „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“

Проект „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ е насловот на проектот за кој денеска во Скопје ќе говорат директорите на Државниот завод за статистика и на Шведскиот завод за статистика, Апостол Симовски и Јоаким Стимн. Како што е најавено, на настанот ќе се обратат и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Калинка Габер и гувернерката на Народната банка на РСМ, Анита Ангеловска Бежоска. Во вториот дел ќе следи панел-дискусија на која ќе земат учество двајцата директори и Бојан Кардалов, комуниколог, Билјана Дуковска од Платформата за справување со сиромаштијата и Џабир Дерала од Цивил Медија. цр/ац/  

Остани поврзан