• среда, 25 декември 2024

Проект за подигнување на функционална писменост во основното и средното образование

Проект за подигнување на функционална писменост во основното и средното образование

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје почна со спроведување проект насочен кон подигнување на нивото на функционална писменост во основното и средното образование.

Како што информира Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, во проектот учествуваат и неколку основни и средни училишта во земјава.

Проектот се планира да биде долгорочен. Во првата фаза, која ја вклучува 2024 година, фокусот е на функционалната писменост во областа на јазиците, односно на развивање на вештините на читање со разбирање, поврзување информации од различни извори, критичко размислување и аргументација.

Од Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје информираат дека се планира соработка и со други институции, како и вклучување на други области што се изучуваат во основното и средното образование. мд/аа/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан