• недела, 01 септември 2024

Проект за „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II“

Проект за „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II“
Скопје, 9 мај 2022 (МИА) - Основниот кривичен суд - Скопје во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“и во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во земјава, од денеска започна со реализација на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II“, што ќе се спроведува до декември 2022 година. - Проектот се базира на анонимизација на правосилни пресуди на Основниот кривичен суд - Скопје, кои согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите ќе бидат објавени на веб страната sud.mk, а кои пресуди се од корист за градење на судската пракса и пресуди за предмети кои биле од интереси на јавноста во текот на постапката, информираат од Кривичниот суд. Анонимизацијата ќе ја вршат тројца волонтери кои поминаа процес на обука и кои ги потпишаа сите неопходни изјави за доверливост. Ова е втор ваков проект кој Основниот кривичен суд Скопје го организира со Коалицијата „Сите за правично судење“ во кој се инволвирани надворешни соработници – волонтери, а е наменет за зголемување на фондот на анонимизирани пресуди на Кривичниот суд како и можност за волонтерите да се стекнат со практично искуство во работење со судски предмет. За новиот проект, Кривичниот суд и Коалицијата, ќе спроведат и дополнителна презентација на сработеното пред правосудните институции, Адвокатската комора, Здружението на судии и студентите од Правните факултети како потик иститие да се вклучат во понатамошната реализиација на слични проекти. Од Основниот кривичен суд истакнуваат дека ќе останат на заложбите за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста па заради тоа и ја продлабочуваат соработката на Правосудните институции со невладиниот сектор како своевиден начин за унапредување на човековите права и слободи. дма/сп/

Остани поврзан