• сабота, 28 декември 2024

Проектот „Ракомет за секое дете“ со поддршка од Шпаркасе Банка

Проектот „Ракомет за секое дете“ со поддршка од Шпаркасе Банка

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Шпаркасе Банка во соработка со својот партнер, проектот „Ракомет За Секое Дете“, преку школата за ракомет „Топка“, во претстојниот период, преку проектот „Поддршка за Секое Дете“ ќе овозможи на 20 деца од социјално ранливи категории бесплатно да го практикуваат ракометот и да ги посетуваат тренинзите на школата за ракомет во Скопје и Велес.

- „Ракомет За Секое Дете“ е проект кој покрај големата посветеност и ангажманот во спортските сали, во работата со деца од 6 до 12 годишна возраст, бара и професионален пристап во организација на целиот проект, почувајќи со школите за ракомет каде што имаме повеќе од 250 дечиња учесници во два града, Скопје и Велес. Ќе ги споменам и „Јуниор куп“ – турнирите во мини ракомет и ракометниот камп „40х20“ кои се наши значајни настани. Токму затоа, сме исклучително благодарни на поддршката од страна на Шпаркасе Банка, како банка која има изградено свест за поддршка на ваков тип на проекти од општо добро. Особено сме благодарни за учеството во проектот кој е од исклучителна важност, каде што 20 деца кои потекнуваат од семејства кои се во социјален ризик, ќе имаат можност да се запознаат со ракометот и да го откријат својот афинитет и потенцијал, изјави Горан Ѓоргоноски, координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“.

Проектот „Поддршка за секое дете“ дава поддршка на младите, коишто немаат пристап до вакви можности.

- Со оваа поддршка, Шпаркасе Банка не само што инвестира во спортот, туку и во иднината на нашата заедница, а преку стимулирање на развојот на младите таленти, се создаваат услови за нивна успешна интеграција во општеството. Како Банка која ја почитува работата и визијата која ја имаат проектите „Ракомет За Секое Дете“ и „Поддршка за секое дете“, многу сме радосни што на децата кои потекнуваат од социјално ранливи семејства ќе им пружиме поддршка и можност да го практикуваат ракометот и да го откријат афинитетот кон еден од најуспешните спортови во државата. Со тоа сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме да го дадат својот максимум, да го искористат својот потенцијал и со ентузијазам да почнат да го практикуваат спортот како важен сегмент од сопствениот развој, изјави Ивана Петревска, Директор на Дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка. зс/

Остани поврзан