• среда, 25 декември 2024

Продолжува учеството на земјава во програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“

Продолжува учеството на земјава во програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“
Скопје, 19 ноември 2020 (МИА) - Претставници од министерствата за образование и наука и од надворешни работи и од Фондот за иновации и технолошки развој денеска  учествуваa  на видеосостанок со претставници на Директоратот за истражување, технолошки развој и иновации на Европската комисија за подготовка на договорот за учество на Република Северна Македонија во новата  рамковна програма за истражување и иновации на Европската комисија  „Хоризонт Европа“ (2021-2027). На состанокот, на кој од МОН учествуваше заменик-министерот Арафат Шабани,  се потврди ставот дека Европската комисија нема да дозволи прекин на континуитетот на учеството на  Република Северна Македонија  во новата програма „Хоризонт Европа“ која ќе почне на 1 јануари 2021. - Република Северна Македонија ќе го продолжи своето учество во програмата „Хоризонт Европа“  со статус на асоцијативна земја членка на Програмата т.е. согласно истите услови, правила и одговорности кои важат за земјите членки на ЕУ, наведува МОН. Програмата е отворена за најширок круг на потенцијални корисници, почнувајќи од локалните власти, медиумите, образовните институции, истражувачки организации, организациите на граѓанското општество и невладините организации, бизнис-секторот, особено малите и средните претпријатија, но и самите граѓани како неформални групи. - Нашите очекувања во новата програма се да видиме повеќе истражувања и иновативни проекти со зголемено учество на претставници од Северна Македонија,  изјави заменик-министерот Шабани. хс/скс/

 

Остани поврзан