• среда, 25 декември 2024

Продолжува собраниската седница за избор на заменици министри

Продолжува собраниската седница за избор на заменици министри

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Собранието денеска треба да ја продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред - Предлог за именување на заменици министри во Владата.

Пратениците ќе ја продолжат вчера започнатата расправа за избор на замениците министри за одбрана Тирон Јајага, за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, за здравство Маја Манолева и за образование и наука Агим Нухиу.

Премиерот Димитар Ковачевски во својство на предлагач на земниците министри во неговото излагање на почетокот на вчерашната расправа нагласи дека со нивниот избор ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата.

Не се прифатливи идеи, коишто не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо, билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ,

- Но, пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска - да донесеме зрели одлуки што ќе ги осигураат перспективите на земјата. Ако за тоа е потребно зголемување на мнозинството - тогаш, со секого ќе разговараме. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, рече Ковачевски.

Според него, со реконструкцијата на Владата ќе се зацврсти политичката стабилност и се отвора пат за зголемена ефикасност на Собранието и на институциите во насока на непречена реализација на клучните стратешки цели.

- Но, Сојузот за Европа и окрупнувањето на проевропското мнозинство во Парламентот е потребно во име на натамошните реформи и европската иднина на граѓаните и на државата. Граѓаните му дадоа на овој Парламент прецизен мандат за европски квалитет на живот дома и интеграција во Европската Унија. Така е формирана и проевропската Влада и така работиме, според европскиот курс на државата, рече Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски од собраниската седница за пратенички прашања го поздрави постигнатиот договор меѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и министерствата за образова

Тој посочи дека е неопходно Парламентот да биде критичар, ама не и кочничар на реформите и да ги застапува стратешките одредници на земјата, а не стратешките планови за лични или други туѓи цели.

Собранието вчера претходно во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Љуљзим Алиу. 

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели, а новите министри во Владата на Ковачевски Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани пред полноќ во понеделникот. сп/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан