• четврток, 26 декември 2024

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Ќе се сослушуваат сведоци и експерти и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со случувањата на Онкологија.

На 13-ти овој месец членовите на Комисијата ги почнаа дополнителните 30 дена за сослушување експерти и носители на јавни фунцкии, како и за анализа на документацијата и стенограмите од исказите на 60-ина сведоци кои беа претходно сослушани.

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.

По комплетирањето на исказите и документацијата, како што најави претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи, ќе бидат донесени заклучоци кои ќе бидат доставени до Јавното обвинителство. дма/хс/

Фото:МИА архива

Остани поврзан