• среда, 25 декември 2024

Продолжува реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во општина Македонски Брод

Продолжува реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во општина Македонски Брод
Кичево, 29 јули 2021 (МИА) - Покрај пандемијата со Ковид-19 и намалениот прилив на средства во општинската каса, во Македонски Брод во полн ек е реализација на повеќе инфраструктурни проекти. За дел од нив завршени се тендерски постапки и за скоро време се очекува и почетокот на работа, за кои покрај средства од Општината, обезбедени се и средства од други извори. - Од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, програма за подобрување на инфраструктура во урбани населби и одржување на инфраструктура, обезбедени се финансиски средства за изградба на парк непосредно до река Треска и регионалниот пат за Кичево, и за набавка на трактор, приколка и муљача за јавното претпријатие „Комунална хигиена“. За овие набавки завршени се тендерските постапки и опремата ќе биде испорачана во рок од 4 до 8 недели, вели Пецо Стојкоски, секретар на ЕЛС Македонски Брод. Стојкоски посочи дека изготвен е проект и за реконструкција на мостот на река Треска во централното градско подрачје. - Реконструкцијата на мостот е влезена во годишната програма и во планот за јавни набавки на Јавното претпријатие за државни патишта и се очекува да биде распишан тендер за реализација на овој проект кој е од исклучителна важност за Македонски Брод, бидејќи целокупниот транспорт на релација Кичево-Прилеп се одвива преку овој мост, додава Стојкоски. за/ки/

Остани поврзан