• сабота, 28 декември 2024

Продолжува промоцијата на кампањата „Учи паметно, работи стручно“

Продолжува промоцијата на кампањата „Учи паметно, работи стручно“
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе ги посети Средното медицинско училиште во Гостивар и средните училишта „Моша Пијаде“ и „Ѓоце Стојчески“ во Тетово, како дел од втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“. Во рамки на оваа кампања, заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу ќе ги посети средните стручни училишта „Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“ и „Ристе Ристевски - Ричко“ во Прилеп, како и „Кузман Шапкарев“, Ѓорѓи Наумов“, „Јован Калаузи“ и „Таки Даскало“ во Битола. ки/сп/

Остани поврзан