• четврток, 26 декември 2024

Продолжува падот на цената на нафтата

Продолжува падот на цената на нафтата
Њујорк, 22 март 2021 (МИА) - Цените на суровата нафта и денеска го продолжија падот, по најголемиот неделен пад од октомври 2020 година забележан минатата седмица, поради обновените мерки за заклучување и бавниот процес на вакцинација во делови од Европа. Американската сурова нафта ВТИ (WTI) за испорака во мај се тргуваше за пониска цена од 19 центи или 0,3 проценти на 61,27 долари за барел. Цената на северноморската сурова нафта Брент за испорака во мај се налмали за 12 центи, или 0,2 проценти, и барел се тргуваше за 64,41 долар. Минатата недела цената  на нафтата ВТИ забележа пад од 6,4 отсто, додека Брент за 6,8 проценти, што е најголем пад за една недела од октомври минатата година, поттикнат од пад во четвртокот, кога цената на американската нафта се намали за за 7,1 проценти, а северноморската за 6,9 отсто. Тоа беше процентуално најголема еднодневен загуба на вредноста на двте глобални референци за нафта од јуни 2020 година. ми/

Тагови

Остани поврзан