• среда, 25 декември 2024

Продолжува гаснењето од воздух и од земја на пожарот во НП „Преспа" во општина Пустец

Продолжува гаснењето од воздух и од земја на пожарот во НП „Преспа

Пустец, 15 август 2024 (МИА) - Продолжува интервенцијата од воздух и од земја  во гаснењето на големиот пожар во Националниот парк „Преспа" во општина Пустец.

- Романскиот авион кој пристигна вчера благодарение на соработката со Европскиот механизам за цивилна заштита досега има извршено повеќе прелети. Интервенцијата од воздух и од земја со 120 ангажирани сили продолжува, со верување дека благодарение на оваа сложена операција ќе успееме целосно да ги локализираме сите жаришта, објави на Фејсбук Нертил Јоле префект на округот Корча.

Противпожарни единици од повеќе општини од овој округот, во кој територијално припаѓа и општина Пустец, веќе десетти ден се ангажирани во гаснење на пожарите на Сува Планина.

Помагаат и припадници на армијата и полицијата, како и локалното население.

Со максимални напори успеаја пламените јазици да ги пренасочат кои се закануваа на Голема Горица и граничниот премин „Горица". вт/дма/

Фото:  Фејсбук на Нертил Јоле
 

 

 

 

Остани поврзан