• вторник, 20 јануари 2026

Продолжува акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“, се чисти и надвор од градот

Продолжува акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“, се чисти и надвор од градот

Виница, 16 јануари 2026 (МИА) - Акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“ продолжи неделава. Овој пат, покрај невработените лица ангажирани преку Оперативниот план 2025 година на Министерството за економија и труд, имплементиран од Агенцијата за вработување, вклучени се и вработени во локалното ЈП „Солидарност“.

Според информацијата од Општината, се работи надвор од градот, конкретно на потегот од спојот на регионалниот пат Виница-Берово со патот за Делчево преку село Бигла до манастирот „Свети Спас“ и влезот на село Драгобраште.

Во акцијата се собра 5 кубни метри комунален отпад, а покрај чистењето се вршеше и кастрење и сечење на дрвја и жбунести растенија покрај патот, за поголема прегледност и безбедност во сообраќајот на оваа патна делница, велат од локалната самоуправа на Општина Виница. ис/вј/

Фото: Општина Виница

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан