• четврток, 26 декември 2024

Продолжува акцијата за уредување на тревните површини на кејот на Вардар

Продолжува акцијата за уредување на тревните површини на кејот на Вардар

Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - Екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ - Скопје ја косат тревата и го уредуваат зеленилото на кејот на реката Вардар.

-Акцијата почна во Ново Лисиче на потег од мостот Близнак до ЈП „Лајка“. Теренските екипи неделава работат на косење на неуредените тревни површини, кастрење на гранки и чистење на површините. Екипите со соодветна механизација работат на косење и уредување на дивоизраснатата вегетација на овој простор, соопшти „Паркови и зеленило“.

Во рамки на оваа акција на косење на зеленилото на кејот се работи и од левата страна на Вардар, каде што се врши уредување на зеленилото на потегот од вливот на Лепенец во Вардар до мостот на булевар „Осми Септември“.

Оваа акција е дел од вонредните работни активности на ЈП „Паркови и зеленило“.

-Во заедничка соработка со Град Скопје посветено и редовно ги одржуваме јавните зелени површини во градот во корист на посетителите и за целите на рекреација на граѓаните на кејот на Вардар, се наведува во соопштението од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. мд/аа/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан