• петок, 27 декември 2024

Продолжува акцијата за собирање стакло на „Пакомак“

Продолжува акцијата за собирање стакло на „Пакомак“

Скопје, 31 јануари 2021 (МИА) - Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и оваа година ја продолжи акцијата за собирање стакло. Целта е да се поттикне население селективно да го одложува стаклениот отпад, елиминирајќи ја оддалеченоста на поединечните домаќинства од соодветните контејнери и олеснувајќи го процесот во корист на граѓаните, а за долготраен бенефит на околината.

Граѓаните треба да се јават на телефонскиот број 072/ 26 66 26 во тек на работната недела, од понеделник до петок, и да остават свои контакт податоци, адреса и град на живеење, приближна количина на отпад за подигнување, телефонски број и лице за контакт. -Во рок од 10 дена по добивањето на потребните податоци ќе биде изготвен детален план за подигнување на отпадот за што ќе бидете информирани. Не заборавајте да ги одложувате секојдневните стаклени амбалажи. На тој начин ќе бидете сигурни дека стаклениот отпад ќе заврши на рециклирање и ќе добие нов живот, наместо да заврши на депонија каде ќе стои неупотреблив со години, а неретко и опасен, односно стаклото да биде причина за пожар, соопшти „Пакомак“. Како знак на благодарност за соработката, „Пакомак“ ќе ги наградува граѓаните со семе за цвеќе. За најмалку две гајби тегли и шишиња или пак шест килограми стакло, „Пакомак“ ќе подарува едно пакетче ароматични семиња за расад. Граѓаните додека чекаат да бидат контактирани, можат да ги одложуваат тековните стаклени амбалажи во зелените контејнери во нивниот град. мд/дма/

Остани поврзан