• вторник, 20 јануари 2026

Продолжува акцијата за одржување на зеленилото во Чаир во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“

Продолжува акцијата за одржување на зеленилото во Чаир во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“

Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) – Со засилено темпо и видливи резултати денеска продолжија активностите на терен во рамки на еднонеделната акција за одржување на зеленилото во општина Чаир, што се реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“.

Како што информираат од Општина Чаир, акцијата е дел од континуираниот ангажман за зачувување на урбаната средина и јавните простори.

– Во оваа фаза се исчистени и уредени зелените површини долж улиците Никола Малешевски, Август Цесарец, Методија Митевски и Ферид Мурад, при што е извршено собирање на лисјата, отстранување на сезонски отпад и кроење на гранките. Акцијата започна во Топанско Поле – Мега Парк и ќе продолжи и во наредните денови на други зелени локации, со завршница во Паркот на Чаир, стои во соопштението. ра/аа/

Фото: Општина Чаир

 

Остани поврзан