• петок, 27 декември 2024

„Продолжуваме со промените“ утре во Пловдив ќе стане политичка партија 

„Продолжуваме со промените“ утре во Пловдив ќе стане политичка партија 
Софија, 14 април 2022 (МИА) - Водечката формација во бугарската влада „Продолжуваме со промените“, која победи на парламентарните избори на 14 ноември 2021 година, утре ќе одржи конститутивна седница во Пловдив и ќе стане политичка партија, јави дописникот на МИА од Софија. За копретседавачи на Основачкото собрание се очекува да бидат избрани премиерот на Бугарија Кирил Петков и вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев. Партијата нема да има партиски лидер. Во конститутивната декларација, која веќе е објавена на веб-страницата на „Продолжуваме со промените“, се вели дека „за Бугарија е дојден моментот кога промените треба да продолжат, бидејќи времето на злосторствата, беззаконието, кражбите и корупцијата не лишува од праведен и достоинствен начин на живот“. Меѓу главните цели поставени од бугарската владејачка партија се нулта толеранција за корупција, овластување независни, компетентни и чесни луѓе да управуваат со земјата и обезбедување достоинствен живот за бугарските пензионери и ранливите социјални групи за да нема  Бугари под прагот на сиромаштијата. нк/паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан