• сабота, 27 јули 2024

Продолжуваат препукувањата меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за Мицкоски партијата никогаш не била покохезивна, Груевски тврди дека е цел на организиран напад

Продолжуваат препукувањата меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за Мицкоски партијата никогаш не била покохезивна, Груевски тврди дека е цел на организиран напад

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) – Јавните препукувања меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот претседател на партијата и екс премиер Никола Груевски продолжуваат и денеска.

Христијан Мицковски, денеска по теренски активности во Новаци, порача дека партијата никогаш не била покохезивна и изразувајќи згрозеност остро ги осуди наводите за „оската Ахмети-СДСМ-Груевски за обезбедување на пратеници“. Груевски преку Фејсбук, одговори со контра напад, порачувајќи дека е цел на жестоки напади „во време кога Мицковски и Заев повеќе од половина година не ги негираа објавите на медиумите за нивна блиска соработка и заеднички планови“.  

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски денеска порача дека ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и својот легитимитет го црпи од народот. Тој истакна дека партијата ја води раководството заедно со структурите во партијата, членовите и активистите.

- После ова што се случува, можам да признаам дури дека и ги надмина моите очекувања колкав е бројот на наши сограѓани кои му пристапуваат на ВМРО-ДПМНЕ насекаде во Македонија овие изминати два дена. Ако до скоро бев во дилема дали сме блиску до 61 пратеник, сега веќе немам таква дилема, рече Мицкоски изразувајќи убедување дека на следните избори ќе добијат 61 пратеник. 

За јавните преписки со поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека тоа што имал да каже го кажал јасно и гласно. Во врска со тоа дека Груевски лобира да се обезбедат пратеници за уставните измени, Мицкоски вели дека тоа е друга тема и оти тој може да зборува за себе. 

-Можам да зборувам за себе, за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а мојот став и на ВМРО-ДПМНЕ, го знаете. Ако ме прашувате за ова што во јавноста провејува дека постои оска меѓу Али Ахмети-делови од структурата на СДСМ и Никола Гриевски за обезбедување на пратеници, апсолутно го осудувам, го отфрлам и сум згрозен од сето тоа, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ   

На ова, Груевски преку Фејсбук, одговори со контра напад, порачувајќи дека е цел на жестоки напади „во време кога Мицковски и Заев повеќе од половина година не ги негираа објавите на медиумите за нивна блиска соработка и заеднички планови“.

 -  Деновиве Христијан Мицковски и раководството на партијата сурово, жестоко и неочекувано за мене ме нападнаа и обвинија, а од денес е јасно дека водат однапред подготвена кампања против мене, дека наводно сум подготвувал соработка со власта на штета на партијата и нацијата... Со оглед дека нивните напади не се вистина, заради што не можат да ги поткрепат ниту со најмал доказ, зборуваат дека некои други луѓе нешто зборувале и планирале, се договарале, се фалеле или слично, но никаде ме нема мене, па така останува дека тие, пред се водени од Мицковски кој се обидува да ги инволвира сите други, свесно, со намера, подолго подготвувано, со план и стратегија, маркетинг кампања и однапред програмирани чекори започнаа не само напад, туку и валкана кампања против мене, токму со цел да ме направат нивни противник и да ни направат штета, напиша Груевски на Фејсбук.

На членовите на партијата, активистите и сите во раководството, Груевски им порачува „да размислуваат со своја глава“ и дека има „многу начини да ја изразите лојаноста кон партијата без да станете дел од нечесни игри“.

-  На членовите на партијата, активистите и сите во раководството им порачувам да не наседнуваат на вакви погубни стратегии, да размислуваат со своја глава, да бараат цврсти докази кога ги тераат некого да осудат на невидено, за да не се еден ден во ситиација да се извинуваат и да се правдаат, дека биле прелажани, дека слепо некому верувале, дека сега им е криво, не ги знаеле добро работите или слично, напиша Груевски.

Од СДСМ, пак на Мицкоски му порачаа „воопшто да не ја меша СДСМ во меѓусебната пресметка и сам да си ги решава кавгите“.

 

 Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии  кои ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните.

- ДПМНЕ се распаѓа. Очигледно големи се внатрепартиските проблеми во белата палата и анти ЕУ кампусот. Јавноста е сведок дека повторно внатрешниот раздор, кавги и поделби во ДПМНЕ кои кулминираат овие денови Мицкоски се обидува да ги натовари на СДСМ. Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски, рече Богданка Кузеска од СДСМ.

Фејсбук препукувањата меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ почнаа откако Мицкоски во изјава за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг" истакна дека  Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата и оти „за да издејствува уставни измени,  Владата подготвува валкани дилови“. аа/ац/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан