• четврток, 26 декември 2024

Продолжуваат градежни активности во индустриската зона Речица, Кумановско

Продолжуваат градежни активности во индустриската зона Речица, Кумановско

Куманово, 24 јули 2023 (МИА) - Продолжуваат градежните активности во индустриската зона Речица во Кумановско, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општината.

- Почна изработката на сливници со приклучни цевки за атмосферска канализација на улицата „Индустриска“ во зоната Новини и Речица, по што ќе следи асфалтирање, изјави помошникот-раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Претходно беше поставена атмосферска канализација на еден дел и беа асфалтирани дел од улиците во зоната. Владата вложи 24 милиони денари во подземна инфраструктура за оваа зона.

Зоната се наоѓа на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот „Пријателство“ Е-75 кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница и е во близина на двата коридори 8 и 10. Таа е урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта. ам/цр


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан