• среда, 25 декември 2024

Продолжи обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово

Продолжи обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово
Куманово, 21 мај 2022 (МИА) - Продолжи обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово, информираа денеска од секторот за комунални дејности од општината. Во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура во Куманово за тековната година, за хоризонталното обележување заедно со поставување на заштитни столбови од општинскиот буџет одвоени се 1.990.660 денари. Договорот со избраната компанија од Скопје беше склучен на 16 март годинава. Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ работат на улиците во поширокото градско подрачје и во Куманово. - Општина Куманово реализира редовно тековно хоризонтално обележување на јавно прометни површини согласно годишниот план за одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2022-та година. Досега, реализирано е обележување на сообраќајници во поширок опфат на централното градско подрачје со акцент на обележување на пешачките премини во непосредна близина на сите образовни институции, здравствени установи и институции на подрачје на Општина Куманово, информираа надлежните од секторот. Хоризонталното обележување, ќе се реализира секојдневно и ќе продолжи сè додека дозволуваат временските услови за реализација на оваа активност. ам/цр  

Остани поврзан