• сабота, 23 ноември 2024

Продолжија протестите во Тбилиси, демонстрантите блокираа клучна улица

Продолжија протестите во Тбилиси, демонстрантите блокираа клучна улица

Тбилиси, 2 мај 2024 (МИА) – Илјадници демонстранти вечерва блокираа клучна сообраќајница во Тбилиси, протестирајќи против усвојувањето на законот за „странски агенти“ во Грузија.

Тие го блокираа Плоштадот на хероите низ кој се одвива најголемиот бран сообраќај низ градот.

Грузискиот парламент вчера го усвои предлог-законот за „странски агенти“ во второто читање, со кој се бара од организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да бидат регистрирани како „агенти за странски интереси“.

Денешната пленарна седница на парламентот беше откажана откако демонстрантите кои протестираа против законот за странски агенти вчера се обидоа да упаднат во зградата на парламентот.

Протестите против предложениот закон во Тбилиси траат со денови, а ЕУ и ОН ја повикуваат грузиската влада да го повлече од процедура нацрт-законот за странски агенти, кој предизвикува поделби и масовни протести. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан