• среда, 25 декември 2024

Продолжија градежните активности на градскиот плоштад во Кичево

Продолжија градежните активности на градскиот плоштад во Кичево
Кичево, 8 април 2022 (МИА) - По пауза од шест месеци, денеска во Кичево продолжија градежните активности на реконструкција на градскиот плоштад кој се гради со средства обезбедени од ТАВ програмата во износ од 800.000 евра. Раководителот од фирмата изведувач, Љупче Матески најави дека до среда следната недела ќе пристигнат мермерните плочи, а во меѓувреме ќе се работи на поставување на бетонските основи за новите канделабри, како и на поставување нови подземни електрични водови за јавното осветлување на плоштадот. - Бидејќи имаме најава дека до средината на наредната недела ќе пристигнат мермерните плочи кои ќе бидат поставени на градскиот плоштад, во меѓувреме со нашата оператива ќе извршиме поставување на бетонски сегменти каде што ќе бидат поставени канделабри за новото јавно осветлување, а ќе поставиме и нови поземни електрични водови, со кои ќе биде поврзан целиот систем од јавното осветление. По завршување на овој зафат ќе почнеме со поставување на мермерните плочи кои ќе бидат во две бои - црна и бела и со далеку поголеми димензии од бекатон плочките, кои во 2006 година беа поставени на градскиот плоштад во Кичево, појасни Матески. Според него, целокупната реконструкција на градскиот плоштад треба да заврши за три до четири месеци. -Бидејќи се работи за капитален проект којшто е од исклучителна важност за нашиот град, очекуваме целокупниот зафат да заврши за најмногу три до четири месеци. При оваа реконструкција, покрај новите канделабри и мермерните плочи на партерот, ќе биде поставена и нова урбана опрема - клупи и корпи за отпадоци, ќе бидат засадени дрвца и хортикултурно ќе биде уреден целиот простор, рече Матески. за/бак/  

Остани поврзан