• сабота, 23 ноември 2024

Продолжен рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година

Продолжен рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Министерството за култура и туризам денеска информира дека поради техничките проблеми кои настанале поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025 година се продолжува до 5 ноември (вторник), до 16:00 часот.

- Потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација, се наведува во соопштението.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан