Продолжен мандатот за Петер Соренсен, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина
- Советот на Европската Унија ги продолжи за две години мандатите на Петер Соренсен, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, и на Кајса Олонгрен, специјална претставничка за човекови права.
Белград, 11 февруари 2026 (МИА) - Советот на Европската Унија ги продолжи за две години мандатите на Петер Соренсен, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, и на Кајса Олонгрен, специјална претставничка за човекови права.
Мандатите ќе им бидат до 29 февруари 2028 година.
Соренсен, кој беше назначен на позицијата специјален претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина во јануари 2025 година, ќе продолжи да ја извршува таа должност до крајот на својот нов мандат во 2028 година.
Исто така, беше продолжен и мандатот на Кајса Олонгрен, која беше назначена за специјален претставник на ЕУ за човекови права во јуни 2025 година. зш/ми/