Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица за пожарот во Кочани, вчера се притворени уште две лица
- Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС.

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС. Вчера им е изречен краткотраен притвор уште на две лица.
Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што се уште траат обемните дејствија на прибирање докази за формално почнување на истрагата.
На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае.
Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а повредени се повеќе од 150 лица. ев/бак/
ФОТО: МИА Архива